Елтон Џон има одлично правило за џепарлакот за своите деца

Please follow and like us:
Pin Share

Славниот пејач и милионер, Елтон Џон, има одлично правило за џепарлакот за своите деца, со кое се труди да ги научи на вредноста на парите.

Тоа правило го откри за “The Guardian”.

„Добиваат три фунти џепарлак, но една ја даваат во добротворни цели, една оди на штедење, а една можат да потрошат. ДОбиваат три кованици и ги ставаат во одвоени касички“, изјави Елтон Џон.

„Мора да ги заработат. Помагаат во кујната или градината. Мора да ја научат вредноста на работата и како да заработат нешто за себе“, смета тој.

Синовите на Елтон Џон и неговиот сопруг Дејвид Фурниш имаат осум и пет години. Освен што учат дека е тешко да се заработат пари, ќе знаат и колку е вредно да се штеди и да се дели со другите.

Please follow and like us:
Pin Share