Марјан: “Песна за народот македонски” е доста барана во Австралија

Please follow and like us:
Pin Share

Минатата година ја снимија песната во студио а оваа година таа си доби видео запис. Станува збор за познатиот австралиски бенд “Легато” кои годинава снимија видео запис за песната “Песна за народот македонски”. Како што истакнува Марјан Васковски, член на бендот при неговото гостување во ИН продукција, но и во родната Македонија, песната е многу добро прифатена во Австралија и е доста барана таму.

-Музика и аранжман е на Златко Миладиноски, текстот е напишан од Миле Георгиев , снимена е во Скопје во студио “Анастасија”. Имамвме можност и среќа со доаѓањето на екипата на ИН тв во Австралија, поради тоа што јас живеам и работам таму, мојот бенд е таму, да направиме еден комбиниран видео запис, кој ќе ги опфати местата во Мелбурн, бендот но и снимки од Македонија, бидејќи се пее за заминувањето на македонците од родната земја во Австралија, истакнува Маријан.

Марјан две и пол години е член на бендот “Легато” кој е формиран од членови, пред се македонци кои потекнуваат од битолскиот и охридскиот крај а се пронашле како музичари токму во оваа прекуокеанска земја. Се трудиме да бидеме максимално професионални, имавме супер соработка со ИН продукција и се надевам дека во иднина ќе продолжи таа соработка, додава Марјан, и најавува снимање на нови македонски песни и понатака.

Please follow and like us:
Pin Share