Бобан Цаневски со нова песна , балада “Љубов забранета”

Please follow and like us:
Pin Share

“Љубов забранета” носи наслов на новата песна од познатиот македонски музичар Бобан Цаневски. Станува збор за како што вели Бобан, македонска балада.

-Песната е на познат гитарист во музичката фела, каде во една седенка ми ја исвири песната, мене ми се допадна песната и решив да ја отснимам. Одлична песна. Добро поминува, јас сум задоволен, истакнува Бобан.

Песната требало да биде отпеана на фестивал, но сепак Бобан одлучил да ја сними и за таа песна да се направи видео запис. Бобан за периодов исто така најавува и снимање на етно кавер песни, со цел да бидат пренесени на помладата популација.

-Се спрема некои етно кавери, етно клипови. Етно музика каде што ќе ја вратиме онаа наша автентична музика која што е малку подзаборавена, додава Бобан.

 

Бобан претходно има голем хит , песната “Јаничари” за која направи и видео запис и која е доста барана од публиката.

Please follow and like us:
Pin Share