
Велешкото поднебје е богато со стара македонска песна која до ден денес се негува и пее како од нас така и од помладата генерација пејачи, вели женскиот вокал Кате од групата “Соната”. Таа додава дека и денеска е останата традицијата на добра забава во Велес, каде покрај народната песна, може да се слушне и забавна но и по некој ритми на валцерт.
-Има многу музика. Има многу добри музичари. Често знам да споменам , што сме имале среќа кога почнувавме ние имамвме среќа да свириме заедно и настапуваме со повозрасни музичари. Во Велес секогаш се свирела таква, градска музика. Многу е застапена, била застапена и сеуште е застапена и забавната музика. Верувајте во Велес нема забава каде што нема да се отпее рок енд рол, валцерт задолжително. Сеуште е застапена навистина многу убава и градска музика, истакнува Кате.
Велешката група “Соната ” долго време опстојуваат на македонската сцена, скоро полни 17 години, а зад себе имаат бројни песни, како и многу настапи низ нашата земја.
