
По промоцијата на заедничката соработка на музички план помеѓу врвниот охридски виолинист Џеват Рамаданоски и младиот музичар во Австралија Петар Јованов, се пројавиле бројни понуди за такви слични соработки. Како што истакнува Петар, добива бројни понуди за соработки на музички план.
-Кога го сработивме овој проект со Џеват и на некој блиски колеги, пејачи кога им го прикажав тоа, пројавија интерес да соработуваме заедно. Побараа да сработиме вакво нешто дело, во сличен стил.Тоа го прифаќам со драга волја но сепак треба да се вратам во Австралија. Претежно, како што реков секогаш сум отворен за соработка со музчарите, истакнува Петар.

Петар и Џеват не ја исклучуваат можноста за преработка и на други антологиски песни од богатата македонска ризница во специфичен инструментален мелос.
-Мислам на еден начин , креативноста моја работи на тој начин. Црпам од македонската култура, фолклорот и правам некои необични работи што сум многу задоволен. Ете ќе спомнам соработката со маестро Зоран Џорлев, каде му напишав една композиција. Добро беше примена од сите и се јавија многу колеги кои изразија желба да им искомпонирам нешто, додава Петар.
Годинава Џеват и Петар направија прекрасна преработка во инструментална верзија на виолина и пијано на двете антологиски песни “Налеј, налеј” и “Со маки сум се родил”.
