Оркестар “Маестрал” со уште една успешна турнеја во Америка

Please follow and like us:
Pin Share

Постојано работни и со низа бројни турнеи. Битолскиот оркестар “Маестрал” штотуку се вратија од неодамнешната нивна турнеја во Чикаго. Нивниот помин таму беше прекрасен како и настапите кои ги бележат со нашинците во оваа далечна земја.

-Тоа беше во организација на православната црква во Чикаго “Св.Кирил и Методиј”. Поздрав до организаторите, претседателот Горан, секретарот Јовче и цела управа на црквата. Таа Конвенција на сите православни цркви ширум Америка и Канада. Незнам на број но ги има многу, сгурно преку 20. Се прави секоја година во септември првата недела. Ова ни е втор пат каде што учевствуваме, првиот пат беше во Џерси. Еве ни укажаа доверба и од Чикаго. Поминавме преубаво, навистина толку македонци да се видат на едно место е убава глетка и реткост. Посетеноста беше голема бидејќи знаме ги има многу градови од Америка, од Торонто и уште неколку градови од Канада. Убави импресии , поминавме прекрасно, истакнува Иле од оркестарот Маестрал.

Нивната зедничкка турнеја беше пропратена и со фолкерката Татјана Лазареска со која Маестралци бележат одлична музичка соработка. Помеѓу другото три неделната турнеја ја искорстиле и за настапи во други градови каде што имало интерес за нив. На покана настапиле и во градот Сиракус, 50 годишнина од црквата на Св.Ѓорѓи , во Њу Џерси по повод денот на нашата независност , како и во Скадарлија познат локал во оваа земја.

Please follow and like us:
Pin Share