
Познатата Соња Динамит има нова песна на српски јазик која носи наслов “Опет срце дише”. Текстот е на Пеѓа Меденица, а музиката и аранжманот е на Енџи Мавриќ.
-Песната е снимена во Белград а спото за песната е правен во Сиднеј во соработка со М16 продукцијата на браќата Омер и Беби Зекировски. моите долгогодишни пријатели посебно да се заблагодарам на Ана Наумовска за прекрасните фустани , истакнува Соња.

Притоа додава дека езадоволна од тоа како е прифатена песната со спотот кај публиката. Соња има богат музички репертоар како и песни на македонски јазик. “Опет срце дише” пренесува силна и јака порака дека повторно живееме многу посилни и после многу порази.
Во следниот период Соња најавува и бројни музички новитети, но како што вели засега нејзините фанови нека уживаат во новата песна.
