
По минатогодишниот нов албум во кој собра одбрани песни, фолкерот Благоја Грујовски најавува и следен албум. Во претходниот негов албум имаше песни правени во соработка со Јане Рафајловски кој е негов колега и музичар, со кој Благоја соработува во последниве неколку години.
-Исто така имам подготвено нов готов материјал, треба да се финализира со преснимување на уште една песна, легендарната “Кому да запеам” од Охрид Фест , треба нова снимка за таа песна и тоа е албум со песни од Григор Копров со кој настапив на повеќе фестивали. Имам и песни кои не се фестивалски. Тој албум во истата форма на македонски ќе биде издаден и за бугарскиот пазар за Балканика, истакнува Благоја.

Инаку во летниов перод Благоја Грујовски бележи бројни рботни ангажмани, особено на охридската ривиера каде е баран со свои настапи на повеќе свечености и манифестации.
