Скоро се е подготвено за 30-годишниот јубилеј на Оркестар Маестрал. Концертот ќе се одржи на 1-ви Август во салата Барон, а специјални гости ќе бидат Спасен Силјаноски, Татјана Лазаревска, Христина и Андреј Илиоски, како и Профа бенд. Маестралци ветуваат одлична забава за сите присутни гости.

При крај се подготовките за големиот јубилеен концерт на Оркестар Маестрал од Битола, со кој што ќе одбележат 30 години постоење на македонската естрада. Како што велат, недостигаат уште некои мали ситници. Концертот ќе биде збогатен со уште неколку познати музички имиња од естрадата кои важат за нивни блиски соработници.
-Концертот ќе биде на први август кај Олимпискиот базен Император, поточно во отворената сала Барон. Гости на концертот ќе бидат Спасен Силјаноски, Татјана Лазаревска, Христина и Андреј Илиоски, како и Профа бенд. Тие ни се гости, кои ќе не придружуваат, ќе отсвират нешто и ќе отпеат. Ги покануваме сите кои што сакаат македонска музика, да дојдат и да присуствуваат, заедно да прославиме 30 години постоење на Оркестар Маестрал.-истакна тапанарот, Александар.

Од Оркестар Маестрал ветуваат одлична забава за сите коишто ќе присуствуваат на нивниот јубилеен концерт.
-Очекуваме да биде исто и како за нашиот 25 годишен јубилеј. Барон мислам дека ќе биде претесен за да ги собере сите гости и се надевам дека ќе си поминат и тие со нас убаво, а исто и ние со нив.-вели Рубин, саксофонист и кларинетист.

Инаку, Маестралци зад себе имаат бројни хитови и музички проекти, а нивната прва авторска песна “Еј девојче од мојата мала” која важи за нивна отскочна даска, сеуште е доста слушана и барана од публиката.
