Ниту летните горештини не ја спречуваат Тамара Тодевска да работи на музиката,нови проекти.
Имено, по кратката пауза таа подготвува нова песна „Довидување таго“ за која сними видео запис.Ниту бременоста не е пречка за неа за да работи на она во кое што таа ужива и вистински се пронаоѓа, а преку социјалните мрежи таа откри и со каков проблем се соочила додека траело снимањето на спотот за истата песна.
Момент на убаво чувство. Ми се познава нели? Ова е крај на снимањето. Тука сум премрзната како коцка лед. Дуваше толку силен ветер, да ми дуваше уште три дена во главата. Покрај тоа, ни чамецот не ни палеше да се вратиме од местото каде снимавме, до нашите сместувалишта, но задоволството направи од тоа ништо да не е важно“ напиша Тодевска на својот Инстаграм профил во описот на фотографијата.
Наскоро нејзината публика и нејзините фанови ќе имаат прилика да ја слушнат новата песна и сами да оценат дали им се допаѓа или не, а по лицето на Тодевска, на крајот, испаднало се како што треба.

