
Покрај бројните подготовки за нивниот јубилеен концерт со кој ќе одбележат 30 години од своето поестоење на музичката сцена, битолскиот оркестар Маестрал го подготвуваат и нивниот најнов албум. Како што
откриваат, летниот период за нив важи плодна и безрезервна работа во Македонија, а за новогодишните празници се надвор од неа. Тоа некако им оди барем последниве неколку години.
-Подготвуваме ние. Секогаш то го правиме пред Нова година или по новогодишните празници затоа што тогаш е малку полабава работата. Сега моментално не можеме да размислуваме за таква тема, затоа што сме презафатени. Кога ќе залади времето, кога ќе се намалат свадбите и тие работи ќе размислуваме и за тоа, вели Иле од оркестарот Маестрал.
Воедно како што истакна Иле, веќе е договорен новогодишниот ангажман на оркестарот Маестрал кој ќе биде во далечната Австралија во Перт.
