ЛЕГЕНДАРНАТА ГРУПА РОЛИНГ СТОУНС ДЕНЕС СЛАВИ 56 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ!

Please follow and like us:
Pin Share

На денешен ден во 1962. година во лондонскиот клуб „Марки“ на сцената за прв пат службено се појавиле легендарните Ролинг Стоунс! Денес, по 56 години и понатаму се најпопуларниот рокенрол состав на светот – „лошите момци“ од кои и потекнува познатата изрека „секс, дрога и рокенрол.“

За жал, оваа парола била и нивната животна филозофија, па поради неа бендот претрпел и измени, но оние кои останале и немаат намера да запрат се Мик Џегер (74) и Кит Ричардс (74).

Веќе 43 години овој бенд постои во состав од Мик Џегер (74), Кит Ричардс (74), Чарли Вотс (77) и Рони Вуд (71), а тие и ден денес го држат рекордот за најголем рок концерт во историјата – на плажата Копакабана во Рио во 2006. година, кога на нивниот концерт присуствувале дури 1,5 милиони гледачи. Нивните песни („I Can’t Get No) Satisfaction“, „Jumpin’ Jack Flash“ и „Brown Sugar“ се сметаат за своевидни химни во рокенролот. По повод неодамнешната турнеја, Мик Џегер изјавил: „Ќе дојде време кога повеќе нема да сакаме да го работиме ова, од било која причина- но ова лето не размислувам за тоа. Не сме за во пензија.”

Во овие 56 години, групата има издадено над 120 синглови, 30 студиски албуми, 23 албуми во живо и 25 компилации. Само од концерти заработиле над 750 милиони долари.

 

Please follow and like us:
Pin Share