Пејачката Индира Арадиновиќ Инди доживеала сообраќајна несреќа во верижен судар во Белград.

Во сударот учествувале три автомобили, од кои едниот бил на пејачката. За среќа никој во несреќата не е повреден. Пејачката по тој повод се огласи на Инстаграм, каде ги смири фановите велејќи им дека е добро.
„Луѓе, фала ви што ме барате, пишувате, се грижите. Јас сум ОК, а сударот направи штета само на возилото“, напишала Инди.

По извесно време, Инди постирала фотографија од нејзиното возило, како изгледа по сударот.

