
Пејачот Џастин Бибер и моделот и ќерка на Стивен Болдвин, Хејли Болдвин, се свршиле викендов, потврдил за Си-ен-ен извор близок до пејачот.
Парот, кој се забавуваше во 2016 година па се раздели, изминатите неколку недели повторно предизвика фама меѓу обожавателите, кога Џастин и Хејли се појавија заедно и ги подгреаја шпекулациите дека повторно се во врска.
На социјалните медии се појавија објави дека Џастин Бибер и Хејли Болдвин биле забележани на Бахамите. Следеа медиумски извештаи дека дваесет и четиригодишниот Бибер ја побарал дваесет и едногодишната Болдвин за сопруга за време на патувањето.
И таткото на Бибер, Џереми Бибер, објави пост на Инстаграм во кој покрај фотографија со својот син на плажа напиша коментар: „Малку е да се рече дека сум горд! Возбуден сум заради новото поглавје!“.
