Пејачот Влатко Илиевски ќе биде погребан утре во 12 часот на гробиштата во Ѓорче Петров.
Неговото семејство, пријателите и фановите ќе се простат со пејачот од 11 часот во капелата на гробиштата.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. Од МВР изјавија дека истрагата е по тек и кога ќе заврши ќе соопштат детали.
