
Познатиот македонски пејач Владо Јаневски вчера го промовираше видео спотот за песната насловена како „Главен град на тагата“. Автор на музиката и текстот е самиот Владо Јаневски, аражманот е на Роберт Билбилов, а продукцијата на Дарко Димитров.
Спотот за песната кој е снимен минатито месец во Скопје го режираше Бане Поповиќ, а како и вообичаено Јаневски не се појавува во спотот. Покрај неколку девојки во спотот се појавува и Дунавка Трифуновска.
– „И покрај насловот „Град на тагата“ песната, во себе носи убави и позитивни емоции. Тоа е една урбана приказна, спакувана во ведар с спот“ – изјави Јаневски за медиумите.
По повод неговата годишнина од 25 години на македонската музичка сцена, Владо Јаневски ќе одржи концерт на 2 август во Охрид.
