
Фолк дивата Татјана Лазаревска синоќа во Битола направи спектакуларен и незаборавен концерт. Базенот кај хотелот Император во Битола, беше исполнет до последното место со сите големи обожаватели на Татјана, како и роднини, блиски соработници.
Дополнително атмосферата беше зголемена со сите нејзини хитовски рефрени кои Татјана со срце и душа ги пееше синоќа. Дел од овој нејзин концерт беа и блиските соработници на Татјана, како оркестарот Маестрал од Битола, Горан Тодоровски, браќата Филип и Раде Нуневски и неповторливите Солзи и смеа.
Впечатоците од присутните музички имиња беа најпозитивни, како за организацискиот дел на концертот така и за самата Татјана.
ФОТО







