Ѓорѓи Стојчески истакнат гајдаџија со бројни реализирани дела

Please follow and like us:
Pin Share

Ѓорѓи Стојчески важи за еден од попознатите гајдаџии во далечната Австралија. Тој во досегашниот негов музички репертоар има бројни инструментални гајдаџиски ора, како и снимено неколку ЦД-а и видео записи. Исто така бележи и плодна соработка со Ин продукција.

-Имаме снимено ремикс на гајда. Имам снимено и неколку видео записи и тука во Австралија и во Македонија, во Охрид. Имам снимено и како ДВД, ЦД, ора на гајда 7-8, така сите, тетовско оро и други, вели Ѓорѓи.

Инаку, Ѓорѓи бележи и бројни настапи со Културно уметничкото друштво “Илинден” од Австралија.

-Одлично, настапувам постојано со КУД Илинден од Сиднеј, Рокдајл. Ние сме како амбасадори. Имаме како ансамбал, група на гајда сум јас, кавал, тамбура, тапан. Ги учиме и децата секоја сабота во црквата Св.Петка во Рокдајл. Таму учиме и млади деца на кавали на гајди, тамбури, вели Ѓорѓи.

Како следни планови на Ѓорѓи се снимање на некој новитет, поточно микс од инструменталка со неколку инструменти.

Please follow and like us:
Pin Share