
Викендов се одржа и натпреварот меѓу Русија – Шпанија во кој Русија успеа да издвои победи со пенали, а Шпанија по поразот го напушти Мундијалот.
Македонската пејачка со руско потекло Викторија Лоба на „Инста стори“ сподели фотографија од голманот на Русија, Игор Акинфеев, а во описот на напиша „крал“.
Сепак се чини дека Лоба не навива само за Русија, туку има и друг фаворит.
Имено пред неколку дена таа на Инстаграм сподели фотографија од себе си облечена во боите и дресот на Аргентина.
