Екипата на ИН продукција заедно со Наум и останатите музички имиња доаѓаат за Македонија

Please follow and like us:
Pin Share

Рано изутринава од Интернационалниот аеродром од Мелбурн екипата на ИН продукција заедно со Наум Петрески и останатите музички имиња веќе тргнаа за назад во родната Македонија.

Впечатоците се преголеми, како од нивниот тамошен престој од месец и половина колку што беше предвидено, така и од преркасниот помин кој го имаа и бројните дружења со нашинците во оваа далечна земја.

-Тргаме накај дома. Благодарност на сите прекрасни луѓе што ни го направија престојот во Австралија незаборавен, напиша на својата фејсбук објава Зуица Лазова.

Со сличен статус се огласи и големиот охридски виолинист Џевад Рамаданоски, кој напиша:

-Голема благодарност до нашите домаќини, сите наши пријатели роднини и познаници. Се поздравивме за довидување со солзи на лице, тоа е се што сакаме да кажеме од длабочината на душата а не можеме со зборови. Направивте многу за нас, довидување Австралија, напиша Џевад во објавата на својот фејсбук профил.

Според кажаното зборовите се повеќе од потребни ако веќе на површина испливале емоциите, како од тамошната дружба така и од преубавиот помин во оваа далечна земја. Ги очекуваме со нетрпение да ни ги пренесат сите убави впечатоци како и спомени од оваа како што многумина ја нарекуваат преубава земја.

Секако зад нив оставаат уште една успешно реализирана голема турнеја која уште долго ќе се памети.

 

Please follow and like us:
Pin Share