
“Журка лудило” е најновиот летен хит кој групата “Респекти” го најавуваше во изминатиов период. Песната излегува за многу брзо време, од прилика за 3-4 денови, при што се прави мастеринг на неа а сите инструменти кои свират се во живо и искористено е цела песна која е снимена во живо, вели во изјава за ИН продукција фронтменот на групата Даниел Сидовски.
-Во песната учевстуваат следните инструменти, акустичен бубањ, бас гитара, труби, електрична гитара, труби, акустична гитара. Текстописец е Орце Зафировски, снимена е во “Студио Сити Саунд” во Скопје, истакнува Даниел.
Притоа како што додава се очекува да биде снимен и видео запис за оваа песна во соработка со ИН продукција.

-Најавуваме сосема поинаков модерен ЛЕТЕН ХИТ и песна со стил што може да остави длабок печат и пресврт во модерниот Македонски стил кај музичарите. Планирано е нешто како спот со млади атрактивни журкаџии и журкаџики само се чека моментот за изработка на спотот кој се планира. Кога точно незнаеме, битно песната ќе оди во етер на нашите радио приемници и потоа следува спот.Драго и чест би ни било доколку им се допадне на сите, воедно да не следат на нашиот ју тјуб канал под назив “Grupa Respekti” и да кликнат SUBSCRIBE за да бидат во тек со нашите песни и лајв интересни кавери, и да ја шернуваат новата песна “Журка, Лудило” како и останатите, иако примаме и сакаме негативните критики да ги искористиме за поука во натамошната работа сепак ние сме сигурни дека е ова оноа што им треба на публиката денес. Ќе си ја пееме во живо и на нашите настапи насекаде низ клубовите кафичите дискотеките па и свадбите во забавниот блок оваа штотуку неизлезена наша хит песна, изјавува Даниел.
За кратко време песната ќе биде промовирана и во ИН продукција, каде група “Респекти” најавуваат и гостување каде со ИН бележат и блиска соработка на музички план.
