
Има само 12 години а веќе претставува вистински виртуоз на својата хармоника. Младиот Андреј Пуфтоски може да се каже дека е чудо од дете. Неодамна тој со својот професор по хармоника од основното музичко училиште во Охрид, Наум Џуклески го претставија нивниот заеднички нов проект на хармоника “Модерна полка”. Андреј има преголема љубов кон хармониката.
-Имам 12 години , доаѓам од село Пештани и учам во основното училуште Св.Наум Охридски. Свирам хармоника веќе три години и љубовта кон хармониката ми доаѓа уште од мал. Лесно беше да научам да свирам на овој инструмент. Професорот Наум покрај тоа што ни кажуваше за музиката ни делеше совети и за општиот живот, истакнува младиот Андреј.
“Модерната полка” која Андреј заедно со својот професор ја изведува и покрај тоа што станува збор за потешко музичко дело , сепак тоа не претставувало голема пречка за Андреј да може да го отсвири. Помеѓу другото Андреј бележи и бројни музички настапи.
-Имам свирено на повеќе места со наставникот а засега немам освоено некои награди. Сето тоа ќе следи од другата година кога се панирани повеќе настапи на фестивали, истакнува Андреј.
На овој млад и голем музички талент со право можеме да кажеме дека му претстои голема музикча кариера.
