
Продолжува турнејата на македонските естрадни ѕвезди на австралиското тло. Следен концерт на Наум Петрески и неговата сопруга Зуица Лазова како и музичарите Илија Тотовски Тота и Џевад Рамаданоски е закажан за 23 јуни во Кроација центарот во Пунчбол.
Организатор на концертот е охридското социјално друштво Св.Наум Охридски од Мелбурн. Сите потребни информации кај лицето Винце Панов 0414 882 477.
Екипата на ИН продукција која е дел од сите досегашни концерти на Наум ќе врши директен пренос и од овој концерт на сите свои канали.
Бидете дел и од овој неповторлив концерт на македонската фолк легенда Наум Петрески.
