Годинава е резервиран на 40 -тина свадби, младиот гајдаџија Петар е полн погодок за секоја свеченост

Please follow and like us:
Pin Share

После видео записот со “Македонската селска гајда” на младиот Петар Ангелески кој го реализираше во соработка со ИН продукција, оваа година Петар се пофали дека веќе е резеривран на 40тина свадби. Сето тоа за него претставува едно големо позитивно изненадување бидејќи луѓето се повеќе го запознаваат него но и го препознаваат квалитетот кој го поседува Петар при свирењето на стариот македонски инструмент – гајдата.

-Позитивно сум изненаден тоа што луѓето слушнале, бендисале, му се допаднала музиката и сакаат да ме побараат за свадба, вели Петар.

Со оглед на тоа што гајдата продуцира еден малку поинаков и специфичен звук , таа често е пропратена и со други инструменти, а како што додава Петар, се свират одбрани песни кои го прават расположението на највисоко ниво.

-Кога се работи за свадби, за време на моето свирење најпрво ја свирам весела гајда, како што сите ја кажуваат, за рамо. Потоа продолжувам да свирам останати песни како “Свадба голема”, “Што имала к’смет Стамена”, “Девојче бело, црвено” значи има многу песни каде што и групите се вклучуваат со мене. Тоа се работи со договор, вели Петар.

Петар за периодов кој следи најавува подготовка на ново инструментално дело на неговата гајда.

 

Please follow and like us:
Pin Share