
Како што најави во неговото интервју кога го реализиравме при симањето на најновиот негов видео запис за песната “Клета судбина”, фолкерот Благојче Стојановски Туше веќе одмара на некој од преубавите туристички места во Турција. Запрашан од нас каде ќе го одвои планираното време за одмор и каде ќе летува, Туше кратко кажа тоа ќе биде Турција.
-Заминувам Турција на одмор , а за две недели заминувам Америка на турнеја двонеделна. Се враќам. Тука го поминувам летото а за Нова година сум во Австралија, кратко вели Благојче во својата изјава.
Деновиве Туше објави и фотографии на социјалните мрежи каде заедно уживаат во преубавите летни моменти од одморот заедно со својата сопруга и двата синови. Накратко кажано, заслужен одмор, со оглед на преголемите работни ангажмани кои ги има во текот на целата година, како и постојаните турнеи и патувања.

Пред само неколку денови Благојче снимаше нов спот во соработка со ИН продукција, за печалбарската “Клета судбина”, песна која нималку нема да остави рамнодушност кај сите кои се разделени во преку океанските земји.
