“Респекти” до крајов на годинава најавуваат турнеја надвор од земјава

Please follow and like us:
Pin Share

Постојано се во бројни работни ангажмани и се барани со многу настапи низ целата земја. Станува збор за добро познатата група “Респекти” кои нудат секаков музички репертоар од она што го бара публиката од нив.

Даниел Сидовски, вокал од групата не ја исклучува можноста за нивна турнеја надвор од нашата земја.

-Се надеваме дека до крајот на 2018-та ќе има нешто. Не откриваме со кого, што, како , бидејќи тука има малку некои ситуации кои мора да се затскријат. Голема е можноста , сепак секој се бориме за своето парче леб иако сме колеги, вели Даниел.

За ова лето од групата “Респекти” најавуваат и голем хит.

-Нов летен хит, дефинитивно. Мислам дека тоа ќе биде правиот полн погодок со група “Респекти” бидејќи ние свириме и по дискотеки, ќе се пласираме и на нашите журки, додава Даниел.

Во изминатиов период групата “Респекти” реализираа видео проект со неколку кавер верзии на македонски сплет песни во соработка со ИН продукција.

Please follow and like us:
Pin Share