Роб Реџеповски снимаше видео запис за неговата најнова песна “Еј ќерко душо таткова”

Please follow and like us:
Pin Share

Познатиот музичар Роб Реџеповски деновиве во соработка со ИН продукција снимаше нов видео запис за песната “Еј ќерко, душо таткова”. Видео записот се снимаше во близина на Мелбурн во месноста Бакус Марш, предел кој е оддалечен околу 20-тина километри од Мелбурн.

Роб се јавува како автор на музиката и аранжманот на оваа песна, додека пак текстот е на Аце Велковски.

Станува збор за наменска песна со свадбарска тематика во која таткото и пее на неговата ќерка.

Роб Реџеповски важи за еден од најпознатите музичари во цела Австралија и освен што свири клавијатури, располага и со свое аудио студио, кое е опремено со современа опрема каде се снимаат бројни песни.

Please follow and like us:
Pin Share