Симона блесна во венчаница во два дела

Please follow and like us:
Pin Share

Се омажи поп пејачката Симона Попоска. Таа на свадбата носеше венчаница креирана од Златко Јовановски. Венчаницата беше изработена од материјали нарачани од странство, а сите детали биле рачно везени.

Поп пејачката Симона Поповска викендов правеше свадба. Најестравагандниот дизјанер од македонската модна сцена Златко Јовановски ѝ ја направи преубавата венчаница. Тие досега соработувале неколку пати, па и не е чудно што токму тој го дизјанираше фустанот.

Симона носеше дводелен невестински фустан изработен од специјални материјали нарачани од надвор. Дизајнерот користел мат-сатен како основа, единствено тоа било шиено на машина, сите детали биле рачно везени, што бара многу напорна работа.

-Беше задоволство да се дизајнира за Симона, но и голем предизвик затоа што ние многу пати сме соработувале заедно за низа големи проекти, настапи и фотосесии па од една страна е полесно, бидејки кога дизајнирате за некој кој го познавате лично и приватно е полесно, но од друга страна беше за мене и притисок бидејки сега од мене односно од нас се очекуваше најмногу! Но сега кога ги гледам сликите – ја постигнавме целта, вели Јовановски за РипостМК.

Пејачката се омажи за бизнисменот Кристијан Поповски, по три годишна врска, а се верија минатата година во Охрид.

 

Please follow and like us:
Pin Share