Јубилејот на Спасен ќе биде одбележан со дуетска песна со свој колега

Please follow and like us:
Pin Share

Својот јубилеј од 10 години постоење на  македонската музичка сцена фокл пејачот Спасен Силјаноски ќе го заокружи со концерт но и дуетска песна. Спасен при неговото гостувње во ИН продукција, откри повеќе детали околу ваквите активности за кои подготовките се веќе во тек. Сакав тоа да го држам во тајност , досега не сум го спомнал но еве ќе го кажам кај вас, вели Спасен.

-Имам веќе една компонирана дуетска песна и сакам кога ќе правам десет годишнина од мојата кариера, тоа ќе биде еден голем спектакл и ќе има дуетска песна со еден од нашите кичевчани. Немам одлучено со кој ќе биде , навистина ми е тешко да се одлучам , бидејќи сите се добри интерпретатори од моите колеги од кичево, тешко е да се одлучи за кого, но другарски ќе пробаме сите, со кого најповеќе ќе ни одговараат гласовите со него ќе ја снимиме. Сметам дека и таа песна  ќе остане еден голем впечаток, но за тоа има уште време, истакнува Спасен.

Спасен Силјаноски своите почетоци на македонската музичка сцена ги бележи од 2010 година каде почна почесто да се вбројува со своите настапи. Познати се бројни негови хитовски песни како “Мајка сина прашува”, “На свадба ме канат”, “Ќе ти дојдам во зла доба” и уште многу други.

Please follow and like us:
Pin Share