Нивна голема желба е да настапат пред нашинците во Австралија

Please follow and like us:
Pin Share

Нивна голема желба е да настапат пред нашинците во Австралија. Билјана и Борис Димови се надеваат дека за скоро време ќе имаат можност да пеат таму и да ја однесат топлината од нашата земја на тамошните македонци.

Борис Димов во неодамнешното интерју истакна дека нивна голема желба е да настапат пред нашите македонци во далечната Австралија. Според него тамошните македонци повеќе ја чувствуваат македонската песна.

-Желба ни е да одиме во Австралија, мислам дека ќе биде и тоа. И таму луѓето ја сакаат македонската музика, тие повеќе ја чувствуваат бидејќи се многу далеку. Ние ќе речеме еве една Германија, Швајцарија, Италија, Словенија, тоа е пак блиску, може да си дојде кога сака, но Австралија или Америка се малку подалеку, така да мислам дека тие повеќе слушаат македонска музика.-вели Димов.

Инаку Билјана и Борис Диови заедно со група Астрион, имаат голем број свирки низ рестораните, а нивната агенда е веќе полна со свадби и семејни прослави.

-Во овој период настапуваме во Хотелот Вила Парк-Струмица така почесто. Инаку, повеќе објекти посетуваме, а претежно свириме свадби, крштевки. Струмица тоа е секој ден скоро. Преполно е, сега засега сме задоволни дури можам да се пофалам дека веќе и за 2019-та се резервирани неколку датуми.-вели Билјана.

Инаку, Билјана и Борис, заедно со група Астрион неодамна снимија видео проект со македонски хитови, но и малку подзаборавени народни песни.

Please follow and like us:
Pin Share