“Оваа сезона ќе биде доста бурна и работна”. Oва го истакна Влатко Миладиноски при неговото гостување во ИН Продукција.

Влатко Миладиноски периодов е доста ангажиран со настапи. Тој открива дека агендата е веќе полна и дека периодов покрај во нашата земја, има голем број ангажмани и во Европските земји.
-Па веќе е полна агендата со настапи договорени низ цела Македонија, низ Европа. После летниот период веќе имаме и за скоро ќе најавиме неколку турнеи, ќе откриеме конкретно каде ќе бидат. Така да, оваа сезона ќе биде доста бурна и работна.-истакна Миладиноски.

Покрај големиот број настапи, Влатко периодов го промовираше неговиот најнов проект, а станува збор за 10 негови песни и 2 инструментални ора од неговиот брат Златко Миладиноски.
Деновиве во емисијата Естрада плус, Влатко го претстави и неговиот најнов видео запис за песната која потекнува од Пиринскиот дел, “Ај да ојме Јано”.
