Пеце Стојчески и Сашко Ристески го промовираа “Другарско оро”

Please follow and like us:
Pin Share

Другарско оро е првото авторско дело на прилепчанецот Пеце Стојчески, кое е во соработка со неговиот колега Сашко Ристески. Музиката е дело на Сашко, а снимена е во студиото Про Саунд кај Славко Ристески.

Прилепчаните Пеце Стојчески и Сашко Ристески во студиото на ИН Продукција го промовираа нивното заедничко дело кое е насловено Другарско оро. Со ова инструментално дело, Пеце ја најавува неговата соло кариера.

Музиката за “Другарско оро е дело на Сашко, со мали измени од моја страна. Го ставивме ова име бидејќи сме другари, колеги и не сакавме да комплицираме со различни имиња. Се потрудивме орото да биде убаво и весело. Планот ни е да не запираме тука, одиме понатаму. Планираме да направиме и цд кое ќе биде насловено Балканско бидејќи ќе има примеси од соседството.-истакна Стојчески при гостувањето во ИН Продукција.

Во ова дело беа вклучени и неколку нивни колеги, Марјан Трајкоски-бас гитара, Тоде Илиоски-гитара, а истото е снимено во студиото Про Саунд кај Славко Ристески.

-Се надеваме дека и нашите нови дела за кои што планираме да ги вметниме во албумот, ќе бидат како ова, во весел ритам и доста интересни, бидејќи сепак ќе бидат во заедничка соработка со Пеце.-вели Сашко, во интервјуото за ИН ТВ.

Како што велат и двајцата досегашните коментари на оние кои го слушнаа орото се доста позитивни и се надеваат дека ќе биде барано од страна на нивната публика.

Please follow and like us:
Pin Share