Српските пејачи на свирки во Хрватска заработуваат огромни хонорари, пишува Курир.рс
Поедини српски поп и фолк ѕвезди, за за два часа пеење во Макараска од газдите на клубовите земаат дури 12.000 евра.
Пејачите добиваат убави хонорари во Хрватска, од пет, шест па се до дванаесет илјади евра за вечер. Обично пеат два блока по два часа со една долга пауза. Лукас и Карлеуша по клубовите во Макарска земаат по 12.000 евра. Драгана Мирковиќ и Жељко Јоксимовиќ по 10.000 евра, Прјивоиќ 5.000 евра, пишува Курир.рс повикувајќи се на познат српски менаџер кој сакал да остане анонимен.
Во еден познат клуб во Макарска ова лето Србите настапуваат буквално секој викенд.
Главно Хрватите доаѓаат да слушаат српски фолкери, а има многу гастербајтери и од Австрија и Германија. Оваа година се доста барани и босанските изведувачи, пишува Курир.рс, пред се Буба Корели и Јала брат.
И самите пејачи велат дека сакаат да пеат во Хрватска, затоа што знаат дека таму добро ќе ги наполнат џебовите.
