Дамјан Стојаноски : Во Австралија пеевме исклучиво македонска песна

Please follow and like us:
Pin Share

На нивните концерти во Австралија се пееше исклучиво македонска песна. Дамјан Стојаноски во интервју за ИН ТВ вели дека и само со македонска музика може да се направи добра забава.

Познато е тоа дека нашите македонци кои живеат надвор од земјава се желни за убавата македонска песна. Доказ за тоа се и честите концерти на македонските пејачи во сите земји каде што ги има нашинците. Пред извесно време во македонска музика имаа можност да уживаат македонците во Австралија, заедно со Дамјан Стојаноски и Влатко и Златко Миладиноски за кои што мора да напоменеме, дека на нивните концерти се пееше исклучиво македонската песна.

-Иако повеќето луѓе знаат, но јас сепак ќе кажам дека таму пеевме строго македонски песни, се негуваше строго македонската музика и тоа е доказ дека може да се помине убаво и само со македонска песна.-истакна Дамјан, при неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Најбарани песни на нивните настапи во Австралија беа големите хитови Велат не нема и Тешко мина докторе, а доста барани биле и останатите песни од Влатко и Дамјан. Покрај нив, биле отпеани и познатите рефрени од нивните колеги од македонската естрада.

-Водечки песни беа Велат не нема и Тешко мина докторе, тоа секако. Но истотака доста барани беа и други песни од Влатко како што се, Севдо, Од там се гледа, Жени ме мамо, од моите Клетва, Бојана, Мајко чекај ме истотака беше доста барана.-додава тој.

Инаку, кај Дамјан во моментов е актуелна дуетската песна со неговиот колега Спасен Силјаноски, која носи наслов Славчо и Иванчо, а за есенскиот период најавува уште неколку нови песни.

Please follow and like us:
Pin Share