Периодов е ангажиран на семејните прослави и свадбени веселби низ нашата земја, а посебно во Охридско-Струшкиот регион. Настапува со различни бендови и музичари, но за скоро време ќе оформи и свој бенд кој што ќе го придружува на бројните настапи.

Ангел Стојкоски периодов е доста ангажиран со настапи, најчесто како што вели тој застапен е на свадбените прослави и приватни забави. Соработува со музичари од Охридско-Струшкиот регион, а во најскоро време планира да си оформи свој бенд.
-Сега соработувам со група Зарина, а си имам и своја екипа, но бендот сеуште нема име па ете го кажав новото изненадување, ќе оформам мој бенд и ќе работиме заедно за да ги задоволиме нашите гледачи.-открива за гледачите на ИН ТВ, младиот и талентиран Ангел.

Покрај настапите низ нашата земја, Ангел најавува и кратко патување во Словенија заедно со КУД Илинден од Струга, каде што пред тамошната публика ќе ја презентираат македонската традиција.
-Во преговори сме заедно со КУД Илинден да одиме во Словенија, мислам дека ќе биде нешто слично како Италија пред нашата македонска публика каде што ќе ја презентираме нашата дарба, традиција пред публиката во Словенија кај нашите македонци.-додава тој.
Ангел полека, но сигурно станува веќе препознатлив лик на македонската естрада. Зад него има четири авторски песни, а го најавува и неговиот прв албум.
