Далибор Ѓошиќ ни раскажа како започна неговата соработка со атрактивната фолк пејачка Елена Јовческа. Покрај дуетските песни, планирани се и бројни заеднички патувања во земјава, но и надвор од неа.

Пред извесно време Далибор Ѓошиќ и Елена Јовческа снимија спот за нивната прва дует песна која носи наслов “Љубовта не родила”. Далибор во интервју за ИН ТВ на кратко ни раскажа како започна нивната соработка на музички план.
-Искрено ќе кажам, последно имавме заедничка дружба на една од националните телевизии, каде што имавме наши активности, пеевме во живо и машко како машко ја видов Елена така атрактивно беше облечена и викам…Еленче јас морам со тебе дует, во секоја смисла на зборот. Бевме седнати преку еден двајца колеги и не можевме да разговараме бидејќи се снимаше емисијата и само и кажав дека песната ја направив веќе. За ден два викам ќе слушнеш и само што ја слушна рече тоа е тоа, ајде да работиме.-открива Ѓошиќ.

Тој најави уште поголема соработка со неговата колешка Елена во следниот период, но покрај снимање на нови песни, вели дека ќе остварат заеднички настапи и патувања надвор од земјава.
-Би сакал да најавам и за понатаму дека доста ќе соработуваме. Имаме многу планови во смисла за заеднички патувања бидејќи навистина имаме доста заедничко да си кажеме во смисла на музички план и на она што јас го нарекувам шоу бизнис и мислам дека ќе оствариме доста наши патувања, како во Македонија така и прекуокеанските земји.-додава познатиот пејач.
Спотот за нивната дуетска песна се очекува да излезе во најскоро време, а ќе биде промовиран на сателитската ИН ТВ.
