Црквата Света Недела во Голд Кост постанува голем велелепен христијански храм

Please follow and like us:
Pin Share

Православниот храм посветен на Света Недела во Голд Кост, Австралија изминативе неколку години го доживува својот подем. Иако нејзините почетоци на градба отпочнале во 2000 –та година, сепак последниве неколку години наназад интензивно се заокружи нејзината градба а во периодов следува и нејзиното фреско- живописување. За почетоците и изградбата на црквата како и тековните активности истакнува претседателот на црковниот одбор од оваа црква Лазар Спировски.

-Црквата е започната околу 2000-та година, пред околу 20 години, со тогаш некои македонци кои што живееле во Голд Кост. Се собрале да речам мал број на луѓе и имале иницијтива да ја започнат иградбата на македонскта црква Света Недела. Со некои напори и поддршка од другите заедници стигнале до некој степен да ја изградат црквата и тој степен во еден момент за жал застанал. Некои луѓе дале голем напор но бил мал број на македонци, и застанала црквата се до периодот кога ние дојдовме и Господ ни поможи, направивме еден голем чекор. Ја завршивме црквата и сега функционира беспрекорно, истакнува Лазар.

Помеѓу другото тој додава дека овој голем велелепен православен храм е посетуван многу во текот на целата година. Како до македонците кои живеат во овј дел на Австралија, така и од бројни туристи кои го посетуваат овој навистина луксузен предел. Најавуваат бројни верски активности како фолклорен ансамбал кој ќе функционира во рамките на црквата со цел младите од најрана возраст да се приклонат кон својата вера и традиција, како и овоможување на часови по веронаука за продолжување на  македонската православна вера.

Please follow and like us:
Pin Share