Марјан никогаш не седи мирно. Секогаш работи на нешто ново.-вели познатиот фолк пејач Марјан Коцев кој за следниот период најавува нов материјал. На повидок, како што вели тој е една балада, но и ориентална песна каква што во моментов недостасува на македонската естрада.

Изминатиов период за Марјан Коцев помина во доста работна атмосфера. Период исполнет со бројни настапи, но и среќни мигови. Поради работните, но и фамилијарни обврски, на кратко беше одложено снимањето на неговиот нов материјал, но при неодамнешното интервју за ИН ТВ, Марјан открива дека подготвува прекрасна балада, за која што текстот е веќе подготвен.
-Текстот е спремен за една убава балада. Јас мислев дека Велигденските пости ќе се искористат за да се изработи нешто околу песните, но имаше многу повеќе работа со пеење. Плус тоа, во фамилијата Коцеви дојде уште еден член, така да и приватните обврски малку не ми даваат да го правам она што сакам да го правам, но во секој случај мора да се тера и работата.-изјави Коцев, за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Покрај баладата, тој најавува неколку песни со побрз ритам, во стилот на неговиот голем хит “Ти само ти“, песна без која што не поминува ниту една веселба.
-Покрај таа балада спремам уште една брза песна, ориентална, што на сите свирки гледам дека ни фали. Јас би сакам уште една, две, три, нешто во ритам на “Ти само ти“, нешто да се измисли, но лека полека. Марјан не седи мирно, се работи, па се надевам дека во најскоро време ќе направиме промоција на тие песни во вашата телевизија.-додава познатиот фолкер, за гледачите на ИН ТВ.
Кога станува збор за неговите настапи, Марјан вели дека нема слободен викенд, а така ќе биде се до средината на месец октомври. Во ноември има веќе закажан настап во Гетебург-Шведска, а во преговори е за Германија и Швајцарија.
