Марјан Коцев : Завршниот концерт би сакал да биде во Скопје

Please follow and like us:
Pin Share

25 концерти за 25 години јубилеј. Марјан Коцев веќе одржа 5, а за летниот период најавува концерти во Охрид, Ресен, Битола, Струмица и низ уште неколку градови во Македонија. Неговата желба е завршниот концерт да биде во Скопје.

Познатиот фолк пејач и миленик на женската популација, Марјан Коцев, одбележува 25 години постоење на музичката сцена. По повод неговиот јубилеј тој најави 25 концерти, а веќе пет од нив се одржаа во изминатиот период.

-Досега се реализирани пет. Сега во летниот период ќе има уште некој концерт. Се работи на тоа да има во Охрид, Ресен, во преговори сме и за Битола. За септември се веќе договорени два концерти, од кои едниот во Неготино, другиот во моето родно Кавадарци на 6ти септември, а Неготино на 19-ти септември. Договараме и со Струмица, можеби ќе биде во Октомври.-истакна Марјан, при интервју за ИН ТВ.

Доколку се тече според неговите планови, завршниот концерт би сакал да биде во главниот град на Македонија, Скопје, каде што ќе ги собере фановите од целата земја на неколку часовна забава со неговите големи музички хитови.

-Сеуште не, сакам во Скопје да завршам со голем концерт. Сега можеби плановите ќе се сменат. Можеби кон крајот декември или јануари, ако не е во таа 25-та година, но дај Боже да се реализираат сите 24 концерти, па во јануари да биде последниот, дали за Божик, Василица или околу Водици не е битно, важно е на мое огромно задоволство да се реализираат сите тие 25, и последниот да биде во Скопје.-додава Марјан за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Покрај на социјалните мрежи фејсбук и инстаграм, за веќе закажаните концерти публиката и јавноста ќе биде известена преку сателитската ИН Телевизија, која ќе биде медиумски покровител на концертите на Марјан Коцев.

Please follow and like us:
Pin Share