Концерт во Газа против Евровизија

Please follow and like us:
Pin Share

Во Палестина синоќа музичари одржаа концерт во уништениот дел на Газа, како алтернатива на Евровизијата, која се одржува овие денови во Тел Авив.

Палестинскиот настан се одржа на урнатините од згради и други објекти, кои израелските авиони ги уништија за време на неодамнешните ескалации на судирте меѓу израелските војници и палестинските милитанти во Газа.

– Евровизискиот фестивал чиј домаќин е Израел е само димна завеса за бруталното кршење на правата на Палестинците – рекол еден од организаторите, Камел Мусалам, кој додал дека Израел сака да го измами светот и да покаже дека е мирољубива земја.

Please follow and like us:
Pin Share