Цели тринаесет години се занимава со хармониката и може слободно да кажеме дека таа е негова најголема љубов. Младиот Виктор Јошевски, се повеќе продира во музичките води. Деновиве тој го промовираше и своето ново првенче инструменталката “Кривогаштанско оро”, каде станува збор за дело со брз и весел музички ритам.
Виктор често бележи соработка и настапи заедно со групата “Мелос”.
-Со придружба на моите колеги. Член сум во групата “Мелос”заедно со колегите Марјан Ртоски –клавијатура, јас на хармоника, Славчо Костадиноски –тапани и Пеце Стојчески-дувачки инструменти. Настапуваме за поголеми поводи и празници, најповеќе во дијаспората кај нашите иселеници, Германија, Шведска, Швајцарија,истакнува Виктор.
Неизоставни се и нивните настапи во нашата земја особено во Прилеп и Битола.
