Таа е во постојани работни ангажмани а честопати се случува да биде и подолго време отсутна од дома. Младата прилепчанка Елена Јовческа е со постојани свирки и бројни настапи како низ нашата земја така и надвор од неа. Како што и саката вели во поглед на нејзиниот приватен живот, нема време.
-Немам време. Ако кажам дека дома ме немаат видено нема да ми верувате, меѓутоа тоа е навистина така, истакнува Елена.
Додека пак за нејзиниот љубовен живот таа кратко истакнува:
-Не би сакала да откривам, кратко одговара Елена.
Во периодов Елена е максимално посветена на своите професионални музички ангажмани како и нејзиното ново ЦД. Деновиве таа снимаше спот за песната “Не ме допирај” а за краток период ќе се снима уште еден спот за втората нова песна “Ајде бато”. Сето тоа таа ќе го одработи со ИН продукција.
