Елизабета на приватен план пресреќна со поддршката од сопругот а на музички план бележи соработка со синот

Please follow and like us:
Pin Share

После долги години поминати во далечната Австралија, Елизабета Јосифовска се врати назад во Македонија. Впрочем таа го најавува и своето враќање на музичката сцена, на која Елизабета остана најзапаметена по песната од пред дваесетина години “Ем го мразам, ем посакувам”.

-Повторно се враќам на сцената. Навистина едвај чекав, меѓутоа нема да биде само спотот се снимаат и нови песни. Се снимаат во студиото “Лунар акустикс”, снимам заедно со мојот син. Во најскоро време ќе можете да слушнете мои нови песни, истакнува Елизабета.

Елизабета изразува огромно задоволство од поддршката на својот син, како и нејзиниот сопруг кои стојат позади неа за повторното враќање во музичките води.

-Тој ми е исто така голема поддршка, исто и сопругот. Навистина сум пресреќна. Што се однесува до мојот приватен живот, можам да кажам дека ја најдов љубовта на мојот живот, можам да кажам дека сум пресреќна. Имам голема поддршка од моето момче Владо тој е голема подршка моја, така да тој знае да ме турка ,вели Елизабета.

Неодамна Бети го промовираше и видео записот кој го изработи за легендарната песна “Ем го мразам, ем посакувам”.

Please follow and like us:
Pin Share