
Иако пошироката публика многу малку ги познава со оглед на тоа што се оформени како бенд пред само еден месец, сепак “Позитив бенд” со големи чекори се појауваат и пробиваат на македонската музичка сцена.
Тие од неодамна својата соработка ја бележат и со познатиот пејач Рубинчо Благадуша, каде се појавуваат во трите негови нови видео записи но, а се бележат и нивни заеднички соработки и свирки.
-Не знаеа и од поодамна , бевме тројка но како во бенд многу помалку не познаваат. Сеуште не сме имале уште такви поголеми настапи, но сепак имаме веќе закажано неколку свадби кои престојат, во овој есенски период. Од тука натака останува да видиме, треба да се покажиме, да сработиме добро, соработката да биде реална за сите да бидеме задовони, истакнува еден од членовите на “Позитив бенд”.

Како што додаваат долгогодишното познатство со Рубинчо , тие го преточиле и во заедничка соработка на музички план, при што сето тоа ќе го продолжат и понатака.
-Тоа е веќе сега ,најново. Се појавуваме и покрај тоа што Рубин има наназад голема кариера и доста видео записи. Сега веќе е ова една дефинитивно добра соработка, додава Аце.
“Позитив бендот” свири буквално се, а како што велат преферираат музика која што е најповеќе барана како во периодот, така и од страна на публиката. Нема ограничување во музиката, се што ќе бара народот ние го исполнуваме, додаваат од бендот.
