
Фолкерот Мухи Амети најавува снимање на спот во периодов кој следува, за песната “Не останувам”.
Имено , песната има две верзии, српска и македонска , така што најавува снимање на две посебни верзии , односно спот на песната на српски јазик и спот за истата песна на македонски јазик. Мухи живее и работи во Белгија а бројни се неговите настапи ширум цела Европа.

Снимањето на спотот ќе биде за скоро време а во реализација на ИН продукција.
