ПОВТОРНО ОГРАБЕНА ВИЛАТА НА РИЈАНА

Please follow and like us:
Pin Share

Домот на пејачката Ријана кој се наоѓа во Холивуд Хилс во Лос Анџелес повторно беше мета на крадци. Полицијата досега има осомничено три лица, но засега не е познато што се недостига од куќата на поп пејачката.

Звучните сигнали на алармот кои почнале да се палат и гасат, дале знак за узбуна. Човекот кој помогал околу куќата, сведочел дека ги забележал арамиите како ги кршат стаклените врати и влегле внатре.

Од тимот на Ријана досега не излегоа со официјален коментар по овој повод, но за среќа пејачката во моментот на грабежот не била дома.

Ова не е прв пат нејзиниот дом да биде мета на крадци. Во мај годинава, Ријана исто така се најде во незгодна ситуација. Од полицијата велат дека имаат доволно снимки за да ги фатат разбојниците за краток период.

Please follow and like us:
Pin Share