Оливера: Недостигаат женски вокали на македонската сцена

Please follow and like us:
Pin Share

Македонската песна е многу барана во Шведска вели Оливера Василевска која веќе долго време живее, работи и студира во оваа земја. Таа во родната Македонија остави белег со песната “Ти си за мене” со која зеде награда на еден наш фестивал а како што вели и таму во Шведска е барана оваа нејзина песна.

-Македонската песна е мнгоу барана. Многу свирам на Босански, српски забави и многу е барана македонската песна. Често пати ја бараат “Јовано, Јованке”, “Македонско девојче” и многу други песни, додава Оливера.

Инаку таа во периодов заедно со момците од групата “Тандеми” на големо се подготвуваат за нивната австралиска турнеја која е прва. Оливера од оваа турнеја очекува пред се да ја запознае подобро публиката во Асвтралија, како и нејзините вокални способности кои таа во голема мера ги поседува.

-Да бидам искрена во Македонија се бројат пејачките на една рака. Сега секој мисли дека знае да пее, но тоа не е така и не може така да биде. Тоа мора да го имаш во себе, да го имаш гласот, вели Оливера.

Оливера и Тандеми за престојните новогодишни празници веќе на големо ги резервираат своите настапи ширум Австралија. Во пресрет на тоа тие направија и заеднички проект на одбрани песни во кои Оливера е носечка вокална единица со своите гласовни способости.

Please follow and like us:
Pin Share