Ташко Каранфиловски го издаде новиот , втор албум

Please follow and like us:
Pin Share

Познатиот  фолк пејач Ташко Каранфиловски  деновиве го издаде својот нов албум , втор по ред. На албумот се најдоа вкупно 14 песни од кои 9 се нови од познати автори со кои Ташко бележи плодна соработка во периодов. Тука се вбројуваат авотирте Огнен Неделковски, Цане Трајчески, Кирил Стојчески, Маестро Челик, Сашко Јанчевски,  а околу мизката и аранжманот се јавува иСлавко Ристески.

-Една од песните на албумот е стара тетовска песна која само таа е препрана на овој албум, а останатите се бонус од првиот албум .Некои од нив веќе се многу добро прифатени од публиката и веќе ги пеам на свирки. Се надевам дека песните од овој албум ќе им се допанднат на слушателите и публиката, вели во својата изјава за ИН, фолк пејачот Ташко Каранфиловски.

Ташко во изминативе години исто така бележи плодна соработка со ИН продукција, за што веќе има реализирано видео записи за три негови песни, а најавува снимање и на нови видео записи за новите песни од албумот исто така со добро проверениот тим.

Please follow and like us:
Pin Share