
И покрај тоа што многумина се обиделе да ја препеат старата реканска песна “Џемиле” , сепак некако најубао од рака им појде на групата “Модус” и фолкерката Елена Јовческа. Тие неодамна оваа песна ја предочија пред јавноста преку видео запис во кој Николче од “Модус” и Елена се јавуваат како глумци во спотот.
-Во последно време го следиме тој терк, не да ги копираме другите колеги. Многумна се обиделе да ја препа и да ја снимат таа песна. Се трудиме секојпат максимално да се посветиме , колку толку тие подзаборавени песни или не снимени , ама долго време не прикажувани. Мислиме дека ќе биде во ред, дека ќе биде прифатена кај младите. Станува збор за малку понов аранжман, понов звук со тие народните инструменти. Сепак нешто помодерно и помодерен звук, истакнува Николче од групата “Модус”.
Групата “Модус” која функционира околу 18 години има направено неколку преработки на песни пред околу 5-6 години. И како што вели Николче, ќе се продолжи со истото темпо, но сепак ќе го задржат и својот специфичен стил.
