Спасен Силјаноски : Одбегнувам турнеи кои траат повеќе од 15 дена

Please follow and like us:
Pin Share

Има неколку понуди за турнеи во подалечните земји, но сеуште размислува дали да ги прифати. “Во овие 5-6 години сум често отсутен надвор од земјава, патувам за Америка, Канада и Австралија. Децата ми пораснаа, а не сум ги видел. Така да, одбегнувам турнеи коишто траат повеќе од 15 дена.”-вели познатиот фолк пејач Спасен Силјаноски.

Спасен Силјаноски важи за пејач кој што е доста баран не само во нашата земја, туку и надвор од границите на Македонија. Тој често настапува во Европските земји, но и во подалечните, како Америка, Канада, Австралија. Еве што тој истакна за тие поголеми турнеи, ексклузивно за естрадниот магазин Естрада плус.

-Низ Европа веќе настапите не ги рачунаме, бидејќи се викендашки, одиме во петок се враќаме понеделник. Такви настапи имам и преку летото, а за надвор имам покана и за Америка и за Австралија за Новогодишните и божикните празници. Но дефинитвно сеуште нема ништо. Ова се само некои најави, во преговори, па со Господ напред, незнам што ќе биде. Во овие 5-6 години сум често отсутен надвор, патувам за Америка, Канада и Австралија. Децата ми пораснаа, а не сум ги видел. Така да, одбегнувам турнеи коишто траат повеќе од 15 дена. А за Америка имам покана за турнеја од два месеци и за Австралија исто.-изјави Спасен, при гостувањето во емисијата “Промо”.

Познатиот фолкер вели дека финансиските средства се неопходни, но за него секогаш на прво место е семејството.

-Проблемот е до мене, јас размилувам дали да ја прифатам затоа што сум мноу носталгичен и емотивен, па некако не ми се седи толку време без фамилијата. Се повеќе и повеќе ми недостасуваат. Се разбира економските средства секогаш се неопходни, ни требаат, но љубовта и семејството мислам дека се пред се друго, не е се во парите. Бидејќи времето поминува, парите се трошат. Едното дете ми прооде, јас не го видов и така да тука имам голема грешка.-додава Силјаноски.

И покрај бројните работни ангажмани, тој вели  дека секогаш си одвојува слободно време за неговите најблиски, како и за спортот кој е важна страна во неговиот живот. Тој вели дека на тој начин се опушта и ги полни батериите за следните настапи.

Please follow and like us:
Pin Share